КАКО ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ СТАНУВА БАНКАР?

Нов играч во банкарскиот сектор во Македонија?

Патот „од земјоделец до банкар“ во Македонија е долг процес и најчесто е важна моќта и влијанието врз државните институции, а за да имаш влијание врз државните институции треба да бидеш во политиката.

Извор: google

Патот „од земјоделец до банкар“ во Македонија е долг процес и најчесто е важна моќта и влијанието врз државните институции, а за да имаш влијание врз државните институции треба да бидеш во политиката. Политиката за многу бизнисмени стана единствен начин за окрупнување на својот бизнис, па макар тоа било и одгледување на пиперки.

Ексклузивно за konkurencija.mk добивме инсајдерски информации преку анонимна дојава дека врз Стопанска банка АД Битола во овој период се вршат зголемени притисоци преку контроли од секаков тип од страна на државното регулаторно тело НБРСМ.

Имено, се врши индиректен притисок за превземање на Стопанска Банка АД Битола од страна на Зоран Заев.

Да потсетиме дека Стопанска Банка АД Битола е во сопственичка структура на Орце Камчев кој моментално е во притвор заради неколку судски процеси.

Исто така во сопственичката структура на банката се и сопствениците на „Пелистерка АД“.

Инаку ексклузивните дојави многу често се граничат со лажни вести или шпекулации, па кај таквите информации останува само времето да покаже дали објавата „држела вода“ кон пошироката јавност. Но каде има чад, има и огин.

Дали е ова вистина или не, наскоро ќе покаже со евентуална промена во сопственичката структура.