МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Наставниот кадар од сега ќе пополнува дневник само на компјутер

Од учебната 2021/2022 година во училиштата повеќе нема да има печатени дневници. Наставниците и професорите ќе ја водат педагошката евиденција во електронскиот дневник. Со ова им се излегува во пресрет на нивните долгогодишни реакции и барања да се растоварат од административна работа.

Извор: google

Електронскиот дневник со години е дел од образовниот систем, па на ваков начин, наставниот кадар нема да мора истите податоци и оценки да ги внесува на две места, и во електронскиот, и во печатениот.

Но, она што ги загрижува наставниците и професорите се софтверските проблеми кои често настануваат со отворање на веб страната за Електронски дневник.

Тие се особено изразени во најфреквентните периоди, пред завршеток на полугодие или крај на година, кога сите ги внесуваат оценките и ги прават годишните извештаи.