НАРУШЕНА ПЕРЦЕПЦИЈА

Македонецот и Албанецот 30 години немаат капацитет да препознаат лидер за подобар живот за сите

Зошто македонецот и албанецот немаат капацитет да ги препознаат квалитетните лидери? Низок коефициент на интелигенција, незаинтересираност, ниско едукациско ниво или квалитетни маркетинг кампањи за „овци“? Збогатувањето на поединци и големото иселување на нашите деца секој ден станува се поинтензивно без разлика на вера, националност или политичка припадност.

Извор: google

Професорката Мирјана Најчевска на нејзиниот Facebook профил во кратка објава објасни каков кадар гласавме, каков кадар имаме и каков кадар ни е потребен во Македонија:

„Прво се летаа по Бранко (кој ја спроведе најлошата приватизацвија и го внесе криминалот во политиката на голема врата), па по Љубче (кој од клошар со психички проблеми стана некој и нешто со многу пари), па по Грујо (кој мислеше дека е реинкарнација на фирерот), па малку Катето чипка ја величаа (ја издигнаа на ниво на бранител на човековите права една потпросечна и корумпирана јавна обвинителка), па се летаа по Заев (кој беше и е супер материјал за градоначалник што можеби и би било доволно за Македонија во услови на веќе заживеана правна и демократска држава), па сега летаат по Апасиев (кој направи каша-попара од национал-популистички идеи добро зачинети со јазикот на примитивозмот).
А нам не ни треба херој на бел коњ, туку многу сувопарен администратор кој ќе создаде рамка од правила, критериуми и процедури, ќе ги постави темелите на валдеењето на правото и ќе овозможи функционирање на институциите на државата.“

Со оглед дека Али Ахмети го нема спомнато во објавата најверојатно дека според неа не го категоризира во политичари ниту него, ниту неговата нова „зелена“ агенда. Но иселувањето на младите албанци е исто така многу застапено за цело време на неговото владеење.

Извор: google