Криенка со потрошувачите

Дали Пивара Скопје го поскапе „Црниот пијалок“?

Конкуренција.мк со будно око ги следеше новитетите на пазарот и со задоволство ви го презентира „таинствениот проект“ на Пивара Скопје наречен ПОЛНА ЧАША – НАМАЛЕНА ФЛАША.

Извор: google

Многу компании за време на карантинот предизвикан од КОВИД 19 (corona-virus) успеале „од дома“ да сработат многу значајни проекти за својата компанија и на тој начин да го планираат идниот профит. Конкуренција.мк со будно око ги следеше новитетите на пазарот и со задоволство ви го презентира „таинствениот проект“ на Пивара Скопје наречен ПОЛНА ЧАША – НАМАЛЕНА ФЛАША.

Пивара Скопје константно ја намалува и менува амбалажата на Coca Cola и останатите пијалоци од нивната понуда па така:
лименката од 330ml стана 250ml и 200ml
– пластичното шише од 500ml стана 450ml
– пластичното шише од 2l стана 1.75l
– пластичното шише од 1.500ml стана 1.25l
а цената останува иста?

Извор: архива

Дали станува збор за дополнување на нивната понуда во однос на задоволувањето на потребата кај потрошувањите, не можеме да знаеме?
Конкуренција.мк се потруди да го побара одговорот на нивниот сајт наречен „Полна чаша“, но без успех. Нивниот сајт немаше ниту еден текст каде Пивара Скопје времено ги известува своите потрошувачи за нивната збогатена понуда, односно намалената амбалажа чија промена можеби го крие и зголемувањето на цената.

Дали информацијата за намалувањето на нивната амбалажа наскоро ќе ја споделат официјално со нас, нивните верни конзументи на нивниот сајт “Полна чаша“, останува да видиме?
Но, со сигурност можеме да им предложиме ново име за сајтот:
www.polnacasa-namalenaflasa.com