Извор: google
Во текстот Антонио Аргир веќе не е прв човек на НЛБ банка АД Скопје објавен на 28 Септември 2021 ексклузивно ја објавивме одлуката од денешната 98 седница на која беше потврдена промената во раководството на НЛБ Банка АД Скопје со што први ја информиравме јавноста за оваа промена.
По шестгодишното управување со Банката, сè уште актуелниот Претседател на Управниот одбор, Антонио Аргир, е „унапреден“ на нова позиција во седиштето на НЛБ д.д. Љубљана, како Извршен помошник на Управниот одбор на НЛБ д.д., одговорен за управување со НЛБ Групацијата.
Воедно да ја известиме јавноста дека „Извршен помошник“ не е исто што и „Извршен член“ но секако времето ќе покаже какво унапредување било ова земајќи предвид дека унапредувањата се случуваат по завршетокот на доделениот мандат од четири години, а не се прекинуваат, како што е случај со „унапредувањето“ на Антонио Аргир. Но секако конкуренција.мк го честита неговото унапредување и му посакува многу докажувања во новата работна средина во Љубљана, Словенија.
Надзорниот одбор го именуваше Бранко Грегановиќ, поранешен Главен извршен директор и Главен финансиски директор на НЛБ Банка Белград за нов Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.
Функцијата ќе ја преземе откако ќе ги добие сите дозволи од надлежните институции вклучувајќи ја лиценцата од Народната банка на Република Северна Македонија. Дотогаш, Грегановиќ ќе ја извршува функцијата помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.
Конкуренција.мк на новиот директор му посакува срдечно добредојде и успешно средување на пропустите кои биле забележани во изминатиот период од страна на Љубљана.