Акции

„Алкалоид“, „Макпетрол" и „Макстил" со најмногу трансакции минатата недела

Со цел да излеземе во пресрет на инвеститорите, трговците и сите заинтересирани, започнуваме со објавување на сите релевантни информации поврзани со трговијата со акции на Македонската Берза.

Извор: google

Со цел да излеземе во пресрет на инвеститорите, трговците и сите заинтересирани, започнуваме со објавување на сите релевантни информации поврзани со трговијата со акции на Македонската Берза. Редовно ќе бидете информирани за минатонеделниот промет, бројот на трансакции и ценовните промени на официјалниот пазар на хартии од вредност.

Во периодот од 8 до 12 март 2021 година, Извештајот на Македонска берза покажува дека “Комерцијална банка – Скопје” остварила 71 трансакција во сегментот на супер котација, а при берзанска котација “Алкалоид – Скопје”, “Макпетрол – Скопје” и челичната индустрија “Макстил”.

Банката на Хари Костов при супер котацијата, бележи раст на последната во однос на почетната цена, започнувајќи од 7.700 денари на почетокот до последна цена од 7.850 денари, односно зголемување од скоро 2 проценти.

Минимално зголемување во берзанската котација бележат акциите на “ТТК Банка АД Скопје”, земјоделскиот комбинат “Пелагонија-Битола” и “Макстил-Скопје”, а пад на последната во однос на почетната цена има кај градежната компанија “Бетон – Скопје”.

Лидер за минатата недела во задолжителната котација на обични акции е “Стопанска Банка – Скопје”, надминувајќи ја остварената вредност на “ОКТА Скопје”, “Аутомакедонија Скопје”, “Европа Скопје” и “НЛБ Банка”.