GPS

Со чипирани алки, Израел ќе ги следи патниците кои доаѓаат во земјата

Израел воведе нараквица за следење на корона вирусот како алтернатива наместо двонеделниот карантин за патниците што доаѓаат во земјата, што предизвика загриженост за правото на приватност на луѓето.

Извор: pexels

Израел воведе нараквица за следење на корона вирусот како алтернатива наместо двонеделниот карантин за патниците што доаѓаат во земјата, што предизвика загриженост за правото на приватност на луѓето. Дали оваа т.н. нараквица на слободата им овозможува помала грижа на властите, но поголем страв кај луѓето од следење на сајбер криминалот и нивните приватни активности?

Пилот програмата на нараквицата за следење започна во понеделникот на аеродромот во Израел, каде 100 апаратчиња беа поделени на патниците по слетувањето како начин да се избегне престој во хотел во карантин, кој е под воена администрација. Наместо тоа, оние што ќе се определат за новиот систем, кој вклучува електронска нараквица, апликација за смарт телефон и уред за следење, можат слободно да си одат дома каде би биле во изолација од две недели.

Иако уредот ги предупредува властите доколку корисникот премногу се оддалечи од уредот за следење (од домот), извршниот директор на компанијата „Суперком“, компанијата што стои зад нараквицата, рече дека тој не собира други информации затоа што навистина не им се потребни.
„Никој не е принуден да го стори тоа, но на заинтересираните им се дава оваа опција – поголема флексибилност. Никого не заклучуваме да не може да излезе од карантин, туку напротив им дозволуваме на патниците да одат дома покрај своите најблиски. Сепак мора некако да следиме дали ја почитуваат домашната изолација и дали премногу се оддалечеуваат од домот. Затоа и се дава овој уред. GPS нараквицата ќе ни помогне во тоа, без никаква друга цел“, објаснија од компанијата.

Извор: sputniknews

Овој проект може да предизвика дополнителни грижи со оглед на претходните активности на Суперком, кој соработуваше со голем број влади низ целиот свет за да обезбеди услуги за „следење на криминалот“, користејќи технологија за следење на затворениците и притворените лица.
Бидејќи презентацијата на нараквиците започна во понеделникот, највисокиот израелски суд пресуди дека домашната тајна служба Шабак мора да ги ограничи напорите за наоѓање контакти заразени со вирусот, нарекувајќи го ваквиот надзор – драконски и заканувачки за демократијата во Израел.

Иако владата ја користеше тајната служба Шабак за надзор од минатиот март, судот постојано ја оспоруваше оваа практика, но потоа конечно донесе одлука дека агенцијата може да се користи само во посебни околности. Израелските власти веќе воведоа систем за пасоши за вакцинирани лица, овозможувајќи им на оние кои ја примиле вакцината да добијат пристап до одредени јавни простори кои сè уште се затворени за невакцинирани лица.

Бонус видео…