COVID-19 И ВАКЦИНИРАЊЕТО

По година и половина пандемија, над 10% од Македонците не веруваат во вирусот

Според резултатите од исттражувањето на јавното мислење, спроведено од македонската влада, секој десетти Македонец верува дека корона вирусот не постои. Анкетата е направена телефонски на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници пред два месеци за време на најголемиот пик на вирусот.

Извор: google

Според податоците, 11% од граѓаните сметаат дека Covid 19 не постои, 3% немаат одговор на ова прашање, а за најголемиот дел – 86%, вирусот е реалност.

Во анкетите, 73 проценти од граѓаните изјавиле дека ја немаат прележано болеста, 51% велат дека ќе се вакцинираат, 18 проценти уште не одлучиле, додека пак 28% изјавиле дека не размислуваат да се вакцинираат.

Помалку од половина од анкетираните, 44%, сметаат дека Министерството за здравство успешно се справува со пандемијата. Во однос на мерките кои биле донесени за справување со кризата, 37% се изјасниле позитивно, 35% од анкетираните не се задоволни, додека пак 27% велат дека се само делумно задоволни.

За граѓаните најефикасна мерка е носењето маска, карантинот и забраната за групирање, а најмалку ефикасна мерка се смета дека е затворањето на училиштата.