КОРОНА ВИРУС

Овие пет земји тврдат дека никогаш немале случај на Covid 19

Иако пандемијата уште беснее во поголемиот дел од светот и тоа скоро две години, има земји кои тврдат дека нема Covid 19 на нивна територија. И дека никогаш не ни имало. Малкумина генерално веруваат во нивните тврдења, особено затоа што има потполно контрадикторни информации за нивните јавни политики.

Извор: google

Иако пандемијата уште беснее во поголемиот дел од светот и тоа скоро две години, има земји кои тврдат дека нема Covid 19 на нивна територија. И дека никогаш не ни имало. Малкумина генерално веруваат во нивните тврдења, особено затоа што има потполно контрадикторни информации за нивните јавни политики.

Северна Кореја беше првата земја во светот што ги затвори границите кога започна пандемијата на коронавирус. Првиот сомнителен случај на нејзина територија беше евидентиран на 26 јули 2020 година, но набрзо било соопштено дека не се работи за овој вирус. Она што е интересно е што земјата продолжи да тврди дека немало регистрирани случаи на инфекција со коронавирус од почетокот на пандемијата, за потоа сите да останат изненадени што С. Кореја побарала вакцини против Ковид-19 преку Глобалната алијанса за вакцини. „South China Morning Post“ во март објави дека околу 200 војници од Северна Кореја починале од заразната болест и дека неколку илјади луѓе се во карантин. Властите продолжуваат да го негираат постоењето на коронавирусот во нивната земја.

Авторитативната влада на Туркменистан, бивша советска република со 6 милиони популација исто така тврди дека кај нив не постои Ковид. Но, независни агенции, новинари и активисти надвор од Туркменистан велат дека имаат докази дека земјата се бори со третиот бран што ги преплави болниците и уби десетици луѓе, а предупредуваат и дека претседателот го минимизира смртоносниот вирус во обид да го задржи својот имиџ во јавноста.

Тонга, Науру и Тувалу, три пацифички земји се приврзуваат кон оваа теорија за успешна заштита од пандемијата. За разлика од другите две, на овие три земји може и да им се верува затоа што важат за најмалку посетени земји во светот.