ДЕЛУМНА (НЕ)ЗАШТИТА

За многумина нелогично - маска за нос која нè штити додека јадеме

Со зголемувањето на бројот на лица заразени со вирусот Covid 19, многу земји ширум светот ги засилија мерките и се обидоа да најдат нови начини за заштита на населението. Некои од тие рестриктивни мерки и пронајдоци се дури и бизарни.

Извор: NewYorkPost

Мексиканските експерти направија необична мини маска која го штити носот на човекот само додека јаде. Мини маската е направена да се носи под заштитна маска за лице, зајакнувајќи ја заштитата од вирусот.

На видеото, објавено на социјалните мрежи, може да се види како брачниот пар руча со малечка маска која го прекрива само носот. Може ли воопшто ова да заштити или па додека ја носиме, не смееме ни да дишиме како не би ја прошириле заразата?

Многу корисници на социјалните мрежи се збунети од ова видео, нарекувајќи го овој изум чуден, смешен и глупав, а други објавија разни шеги на кои се потсмеваат на видеото.