МУТАЦИИ

Корона вирусот мутира - откриена нова и тоа двојна мутација во Индија

Дента кога Индија бележи рекорден број на новозаразени и смртни случаи на национално ниво, Министерството за здравство соопшти уште една загрижувачка вест.

Извор: google

Дента кога Индија бележи рекорден број на новозаразени и смртни случаи на национално ниво, Министерството за здравство соопшти уште една загрижувачка вест. Нова варијанта на коронавирус која содржи двојна мутација е откриена во примероци во земјата. Здравствените власти испитуваат дали оваа варијанта е позаразна или можеби поотпорна на постојните вакцини.

Варијантата со двојна мутација е пронајдена во повеќе од 200 примероци во тешко погодената држава Махараштра, во која се наоѓа и Мумбај.

Индиските власти сметаат дека последното зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус не е поврзано со мутациите кои доаѓаат од Британија, Африка и Бразил.

„Иако во Индија се пронајдени варијанти на двојни мутации, тие не се откриени во бројки доволно големи за да се воспостави директна врска или да се објасни брзото зголемување на случаите во некои држави.

Геномското секвенционирање и епидемиолошките студии продолжуваат за понатамошна анализа на ситуацијата“, се вели во соопштението на Министерството за здравство на Индија.