ПРОТОКОЛ ЗА ПАТНИЦИ

Германија ќе бара од патниците доказ за имунитет за прележан „КОВИД-19“

Од овој викенд, сите патници кои доаѓаат во Германија ќе треба да покажат доказ за имунитет на „Ковид-19“, без разлика дали се работи за потврда за вакцинација или за претходна инфекција, пишува денеска германскиот весник „Шпигел“

Извор: google

Од овој викенд, сите патници кои доаѓаат во Германија ќе треба да покажат доказ за имунитет на „Ковид-19“, без разлика дали се работи за потврда за вакцинација или за претходна инфекција, пишува денеска германскиот весник „Шпигел“.

Последниот план, содржан во документ од Министерството за здравство во кој весникот имаше увид, ја одразува зголемената загриженост од германските регионални и национални претставници за скок на бројот на случаи во туристички дестинации, што може да поттикне четврт бран кога Германците ќе се вратат дома од одмор, според Танјуг.

„Нивото на заразеност во Германија во моментов е доста низок во споредба со другите земји“, се наведува во документот, но се додава дека „зголемената туристичка активност ризикува да го смени тој тренд“.

Германија сега бара негативен тест или доказ за имунитет само од оние што доаѓаат од таканаречените „области на ризик“, „области со висока инциденца“ и „области со варијанти на вируси“, кои сега ги вклучуваат Британија, Шпанија и Холандија во Европа.

Германија денеска регистрираше 3.142 нови инфекции, според „Институтот за заразни болести Роберт Кох“.

По првичниот бавен напредок на кампањата за вакцинација, Германија го забрза тој процес, и досега 61,3 проценти од населението примило барем една доза.