ВИСОК ПРОСЕК НА ВАКЦИНИРАНОСТ

ЕУ има вакцинирано 70% од возрасната популација

БРИСЕЛ – Во Европската унија досега, барем една доза на вакцина против Ковид-19 примила 70 проценти од возрасната популација, а 57 проценти се целосно вакцинирани, објави Европската комисија.

Извор: google

БРИСЕЛ – Во Европската унија досега, барем една доза на вакцина против Ковид-19 примила 70 проценти од возрасната популација, а 57 проценти се целосно вакцинирани, објави Европската комисија.

„Целта за вакцинирање на 70 проценти од возрасната популација во ЕУ против Ковид-19 до крајот на јули е исполнета“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа истакна дека ЕУ, по бавниот почеток на вакцинацијата, главно поради проблеми во испораката на вакцини, го достигна и го надмина просекот на вакцинираните во повеќето делови на светот.

„Бројките покажуваат дека Европа е меѓу светските лидери во вакцинацијата“, вели фон дер Лајен.

Портпаролот на ЕК, Стефан де Керсмакер процени дека Европската унија, со 70 проценти од возрасната популација вакцинирана со најмалку една доза на вакцина, достигнала „значајна точка“ во борбата против вирусот корона.

Тој исто така рече дека целта е целосно да се вакцинираат 70 проценти од возрасните.

„Ние мора да осигураме дека 70 проценти од возрасната популација во ЕУ е целосно вакцинирана“, рече тој, пренесува Танјуг.

ЕК вели дека, по „добрата вест“ околу 70 проценти од вакцинираните во ЕУ со најмалку една доза, „сите се фокусирани“ на постигнување на таа првично поставена цел на 70 проценти од возрасните кои ги примиле сите препорачани дози.

Тие забележуваат дека се доставени вакцините до земјите-членки со цел да се исполни оваа цел и дека останува на националните власти, со политичка помош од Брисел, да ја забрзаат вакцинацијата на нивната територија.

Брисел забележува дека сојот Делта, кој во моментов е најчест во Европа, е многу опасен и ги повикува сите што се уште не го сториле тоа да се вакцинираат со цел да се заштитат себе си и другите.

Додадено е дека ќе се обезбеди доволен број вакцини и за ревакцинација и за можна трета доза, доколку е потребно, но и за вакцинирање на помладата популација.