ПРОПАДНАТ БРЕНД

Ретро потсетување - рекламата не му помогна на „Стар лисец“

Скопско, Горско, Златен Даб, Крали Марко се само дел од пивата кои се актуелни на македонскиот пазар, но во оваа прилика ве потсетуваме на еден бренд кој беше особено актуелен пред повеќе од 20 години.

Извор: google

Во 1993 година на македонскиот пазар се лансираше посилна верзија на популарното „Скопско“, со назив „Стар Лисец,“ Иако во еден период беше одлично прифатен од младите, сепак имаше доста краток век на траење.

Извор: google

Произоводот беше пропратен со интензивна маркетинг кампања – се рекламирање по телевизии, весници, а натписи и амблеми се правеа на тенди, чадори и подметачи. Многумина се сеќаваат на овој вкус на пиво на Скопска Пивара кој го дефинираат како доста силен, но која беше воопшто причината што Стариот Лисец исчезна од пазарот?

Очигледно ни добрата реклама не му помогна на Стариот лисец затоа што несомнено многумина го паметат токму по маркетингот кој го пратеше.