ИМА НАДЕЖ

Се случи прв концерт од почетокот на пандемијата

Окланд – Новозеландската група „Six60“ одржа концерт пред 50.000 луѓе во Окланд, што е најголем ваков настан во светот од почетокот на пандемијата на коронавирусите.

Извор: google

Окланд – Новозеландската група „Six60“ одржа концерт пред 50.000 луѓе во Окланд, што е најголем ваков настан во светот од почетокот на пандемијата на коронавирусите.

Публиката не носеше заштитни маски и немаше социјално растојание, пренесува Сан.

Последната турнеја бендот ја заврши со концерт во паркот Иден.

Нов Зеланд доби пофалби за неговиот одговор на пандемијата и има една од најниските стапки на смртност од Ковид-19, пренесува Танјуг.

Евидентирани се само 2.601 случаи на коронавирус, а починале 26 лица. Во моментов, активни се само 33 случаи на Ковид-19.

Употребата на маски е задолжителна само во јавниот превоз и во авионите, а мерката за одржување на социјалното растојание не е на сила.