НОРМАЛИЗАЦИЈА И ПАТУВАЊАТА

Како што расте бројот на вакцинирани, така ќе има повеќе патувања

ЛОНДОН – Британскиот премиер Борис Џонсон, откако беше укинат карантинот за целосно вакцинирани патници од Франција, денеска изјави дека земјите се повеќе ќе бидат отворени за патување, бидејќи од ден во ден ќе има зголемен процент на вакцинирани луѓе низ целиот свет против Ковид-19.

Извор: google

„Мора да постигнете баланс помеѓу нашата многу силна желба да патуваат со потреба и одговорност да се заштитиме од нови варијанти“, рече Џонсон, пренесува Танјуг.

Според него, одличната работа во врска со двојната доза е што сега ни овозможува да патуваме и во европските земји и во САД.

„Мислам дека како што се повеќе и повеќе луѓето од сите земји ќе се вакцинираат … ќе може и повеќе да се патува“, рече Џонсон.