ПЕРВЕРЗНА „ГРИЖА“ И ИЗГУБЕНА КОНТРОЛА

Мачени и сексуално малтретирани беспомошни луѓе во дом за стари лица во Австрија

Четири негуватели – три жени и еден маж на возраст од 30 до 45 години, се осомничени дека занемарувале, мачеле и сексуално злоставувале беспомошни луѓе, жители на домот за стари и изнемоштени лица во Зиценберг-Ридлинг, Долна Австрија.

Извор: google

Четири негуватели – три жени и еден маж на возраст од 30 до 45 години, се осомничени дека занемарувале, мачеле и сексуално злоставувале беспомошни луѓе, жители на домот за стари и изнемоштени лица во Зиценберг-Ридлинг, Долна Австрија.

Истрагата почна пролетта, но негувателките во истрагата се бранеа со молчење, а нивниот адвокат Стефан Глоб побара да се прекине постапката.

Можеби истрагата ќе завршеше доколку овие денови не се појавија ужасни фотографии од злоупотреба во група за разговор на WhatsApp, пишува Куриер.

Фотографиите му се предадени на јавен обвинител, а државното обвинителство сега го истражува бројот на жртви на злоупотреба.

Адвокатот на пациентот Џералд Бахингер рече дека е изненаден од обвинувањата. Тој наведува и дека управителот на домот за стари лица порано бил „многу транспарентен и отворен“, но дека последните настани покажале дека „никој не е имун од вакви инциденти“.

Со приватниот дом за стари и изнемоштени лица стопанисува фирмата „СенеКура“.

Нивниот портпарол рече дека дел од вработените ги слушнале поплаките на штитениците и пријавиле во управата на домот. Четворица негувателки веднаш добија отказ.

Компанијата „SeneCura“ покрена истрага во рамките на компанијата.