BOSTON GLOBE

Сведоштва за тоа како Аpple smart watch спасува човечки животи

Ваквите приказни потврдуваат дека новата технологија не е само подмолно средство за контрола на светот. Ден Фау имал голема среќа што Apple Watch бил на неговата рака кога се онесвестил и силно ја удрил главата на подот.

Извор: google

Дан Фау е седумдесетгодишник за кого ова не е прв пат Apple Watch да го спаси. Пред две години, тој ималнесреќа со својот велосипед, а Брзата помош реагирала брзо. Фау се разбудил во амбулантата и не се сеќавал дека повикал брза помош – затоа што не го сторил тоа самиот тој туку неговиот смарт часовник.

Овој пат, Фау се онесвестил и ја удрил главата во дрвен под, што резултирало со тешко крварење. Часовникот не повикал полиција бидејќи Фау свесно ја притиснал опцијата на екранот што значи дека сè е во ред. Сепак, мажот ја искористил опцијата за зборување на часовникот, за да испрати порака до неговата сопруга бидејќи не можел да се движи.

Благодарение на неговата брза реакција, тој навреме бил донесен во болница, каде што му била сошиена главата со девет конци. Лекарот кој ја шиел главата, рекол дека ова не е првпат мал гаџет на раката да го спаси пациентот.

Извор: 9to5mac