ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧОТ

Одложувањето на летовите скапо ќе ги чини авио-превозниците

БРИСЕЛ – Патниците во Европа имаат право на компензација не само во случај кога нивниот лет е откажан, туку и ако тој биде одложен за повеќе од еден час, пресуди денеска највисокиот суд на Европската унија.

Извор: google

БРИСЕЛ – Патниците во Европа имаат право на компензација не само во случај кога нивниот лет е откажан, туку и ако тој биде одложен за повеќе од еден час, пресуди денеска највисокиот суд на Европската унија.

Според сегашните правила на ЕУ, патниците можат да бараат компензација ако нивните летови се откажани помалку од 14 дена пред полетувањето или повеќе од три часа доцнење, или ако им биде одбиено качувањето поради пререзервација.

Надоместокот кој се движи од 250 до 600 евра зависи од растојанието на летот, со можно намалување за 50 отсто доколку авиокомпанијата однапред понуди да ги пренасочи патниците за да доцни само неколку часа.

Судот на правдата на ЕУ денеска заклучи дека летот се смета за откажан доколку се одложи за повеќе од еден час.

Во образложението на пресудата, судиите наведоа дека патниците тогаш може да претрпат ист степен на непријатност како и во случај на откажување на летот, бидејќи треба да ги приспособат своите планови, па дури и потенцијално да го пропуштат летот.

Висината на компензацијата треба да биде иста и за откажувања и доцнења, без право да се намали сумата за 50 отсто врз основа на тоа што на патникот му е понудено пренасочување за да стигне до крајната дестинација, јави Танјуг.

Судот утврдил и дека патникот има „потврдена резервација“ не само ако има билет, туку и ако туроператорот преку кој патникот резервирал давал гаранции за превоз на одредени летови.