МОДЕРНО РОПСТВО

Aнтиропската земја го отвори првиот маркет во светот кој „продава луѓе“

Ропството е одамна укинато насекаде во светот, но дали сме свесни дека модерното време носи и модерни робови и модерни робовладетели?

Извор: google

Ропството е одамна укинато насекаде во светот, но дали сме свесни дека модерното време носи и модерни робови и модерни робовладетели? Според глобалниот индекс на ропство (Global Slavery Index), околу 15.000 луѓе во Австралија живеат во услови налик на некогашното ропство. Тоа значи дека тие или се злоупотребувани од семејството, или се присилени на брак, или се сексуални работнички или се жртви на трговија со луѓе.

Имајќи ја во предвид таквата ситуација, две австралиски маркетинг агенции се вклучија во кампања која треба да ја подигне свеста за модерните робовладетелски односи во општеството и со тоа да се охрабрат жртвите да проговорат затоа што треба да знаат дека ќе бидат заштитени. Агенциите ги здружија своите сили за да отворат уникатна продавница во Сиднеј, Австралија.

Во продавницата на купувачите им се нудат регуларни продукти кои може да се најдат во било кој супермаркет (апетисани, шеќер, сокови, колачи, грисини, конзервирана храна), но она што е специфично е што тука производите носат имиња на луѓе. И тоа луѓе кои биле жртви на насилство или трговија, а кои имале храброст да ги пријават злосторниците и да се изборат за самите себе.

Извор: google

Ваквото именување всушност ги симболизира тие жртви на модерното ропство во Австралија, преку имињата на вистинските идентификувани жртви на социјалните неправди.
Целта е преку продажба на продуктите, да се донира во агенциите кои се борат против модерното ропство на континентот и со тоа да се подигне свеста кај народот дека жртви сè уште има и дека луѓе кои се однесуваат робовски кон подредените сè уште опстојуваат на таков начин.

– „Повеќето Австралијци не се свесни за распространетоста на модерното ропство во нашата земја. Лесно е да се помисли дека овие видови работи не се случуваат тука, но ги има секаде околу нас. За нас беше важна оваа иницијатива за да ги испочитува индивидуалните приказни на преживеаните и да ја демонстрира потребата за поголема свесност; и на крајот да вроди со повеќе акција. Ова е навистина брилијантен начин да се подигне свеста за сите форми на модерно ропство и да има реално влијание во заштита на човековите права. Жртвите мора да се заштитат, жртвите мора да добијат поддршка од сите нас“ – изјавуваат од агенциите кои стојат зад овој проект и кампања.